Катар го напушта здружението на извозници на нафта и ќе се фокусира на гас

Катар објави дека се повлекува од здружението на земји извозници на нафта ОПЕК, неколку дена пред состанокот на ова здружение во Виена.

Таа одлука доаѓа после тоа што Катар, кој е најмалиот извезувач на нафта од сите членки на ОПЕК а најголем извозник на природен гас во течна состојба, ја редифинираше својата меѓународна улога и испланира долга стратегија, која вклучува и фокус на сопствената гасна инфраструктура.

„Катар одлучи да се повлече од ОПЕК и организацијата утринава беше известена“, рече катарскиот министер за енергетика, Сад ал Каби, додавајќи дека, сепак, Катар ќе учествува на состанокот на здружението во Виена.

Најавата за повлекувањето доаѓа пред состанокот на ОПЕК на кој ќе биде вклучена и Русија и на кој ќе се разговара за намалување на понудата.

Катар цели 57 години беше дел од ОПЕК.

Извор: ТВ21