Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според рихтеровата скала денеска го погоди источниот дел на Филипини.
Засега нема податоци за причинета материјална штета и евентуални жртви.
Земјотресот, чиј епицентар се наоѓал на длабочина од 80 километри под површината на земјата, го погоди подрачјето на околу 111 километри источно од градот Суригао.
Филипинскиот архипелаг се наоѓа на пацифичкиот Огнен прстен, каде што има чести земјотреси.