Инсистирањето на Бугарија да го блокира стартот на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија, претставува ризик од создавање на уште една пукнатина на југоисточното крило на НАТО, во услови кога постојат длабоки поделби и меѓу две други членки на Пактот во регионот – Грција и Турција, оценува електорнското издание на грчкиот весник „Катимерини“.
Според весникот, меѓу Софија и Скопје се создава нов судир „заради два века стара контроверза врз етничка основа“.
loading...
„Катимерини“ оценува дека сите овие случувања ја зголемуваат „антибугарската треска“ во Северна Македонија, а ставовите на Скопје кон Софија стануваат се поагресивни.