Казни за тие кои ќе ги прекршат протоколите – учениците изгубените часови ќе ги надоместуваат во лето

Ќе има санкции за училиштата кои што без дозвола ќе почнат настава со физичко присуство најави министерката Царовска , по информациите  дека некои од училиштата ќе почнат да работат без дозвола од Министерството за образование.

Се вчитува...

Еден дел од ученициите се надвор од образовниот процес затоа што не сакаат онлајн настава. За тоа Царовска вели дека учениците кои ќе изгубат од часовите ќе надоместат со часови во летниот период или наредната година.

Царовска не сака да шпекулира дали е можно затварање на основните училишта по зголемувањето на бројот на инфицирани од корона вирус.

Поминаа само два дана од учебната година, учениците од прво до трето одделение седнаат во училишните клупи, средношколците  останаа од дома да учат преку онлјан платформата која често пати знае да нема конекција, а пак еден дел од учениците протестираа за враќање во училиштата.  

.

Извор: ТВ21