Македонија

Казни за угостителски објекти во Битола: давале алкохол на малолетници, затекнати лица без сертификати

На 24/25.12.2021 во времето од 22.30 до 00.30 часот, на подрачјето на ПС од ОН Битола, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, кафе бар на ул.Булевар 1-ви мај и бар лоциран на ул.Рајко Жинзифов во Битола.

При што се констатирани неправилности од страна на Државен пазарен инспекторат односно се затекнати четири лица без ковид сертификат.

Регистрирано е и точење алкохолни пијалоци на 17 малолетници, за што се изречени соодветни санкции.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни