Последна клучна недела за евроинтеграциите на Македонија. Според нашата Влада, до крајот на јуни има оптимизам да се надминат споровите и конечно земјава да започне преговрои со Европската унија.
Она што сега го очекуваме, е пристигнување на нов француски предлог кој ќе биде финален во кој ќе ги нема заградите и спорните прашања со Бугарија.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во своето последно интервју на ТВ21, рече дека францускиот предлог не е одбиен од македонските власти, туку само спорните делови.
Тој вели дека постои и можност Скопје да не добие нов докумнет до крајот на француското претседателство, па така би се закочил процесот иако Бугарија го крена ветото за Македонија.
Актуелниот француски предлог, според Скопје е работна верзија, а за нас таму неприфатливно е да бидат протколите (записници) кои произлегуваат од член 12 од Договорот за добрососедство потпишан во 2017 година меѓу тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов.