Балкан

„Ќе ги колнам сите што го организираат и учествуваат во него“: Владиката Никанор ги повика верниците да земат оружје против геј парадата

„Ќе ги колнам сите што го организираат и учествуваат во него“: Владиката Никанор ги повика верниците да земат оружје против геј парадата

Епископот Банатски Никанор, по повод претстојната Европрајд, која во септември ќе се одржи во Белград, објави анатема (клетва) за учесниците и организаторите на овој собир.

Во скандалозна проповед, која осамна на социјалните мрежи, тој ги повика верниците „на оружје“, што, како што вели, лично би го искористил, а во исто време упати низа брутални навреди кон српската премиерка Ана Брнабиќ и нејзината сексуална ориентација.

Банатскиот бискуп реши да не го изговара нејзиното име, посочувајќи дека доколку го изговори повеќе нема да може да го изговара „божјото име“, но јасно посочи кон кого се упатени навредите.

„Ја извалка нашата земја. Таа дозволила нејзиниот брат да биде татко на нејзиниот син. Тоа не е ниту од наша вера, ниту од наше потекло. Нејзините родители и дедовци биле непријатели и касапи на српскиот народ. И таа денес треба да ни проповеда дека нема татко, нема мајка, само родител 1 и родител 2“ – рече во говорот банатскиот владика со навреди алудирајќи на премиерката.

Во својот говор, кој нема многу врска со основните постулати на христијанската вера, Никанор ги повика верниците да се спротивстават на најавената „геј парада“, доколку е потребно и со оружје.

„Јас бев првиот што се спротивстави на тоа. Еве се колнам. Ќе ги колнам сите што го организираат и учествуваат во него. Можам толку многу. Да имав оружје и јас би ја употребил таа сила. Оружје немам и после ова што го кажувам и да побарам нема да ми дадат. Четири години и осум месеци ја гледав војната во Краина, а ако требаше прв ќе излезев со оружје“ – се заканува владиката кој на себе носи крст.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни