Финската авиокомпанија Finnair најави дека ќе почне да ги мери патниците со рачниот багаж со цел подобро да ја процени тежината на авионот пред полетувањето. Оваа одлука стапува на сила од понеделник, а „мерењата“ се вршат на патниците кои поаѓаат од Хелсинки.
„Досега во мерењето учествувале повеќе од 500 клиенти волонтери“, рече Каиса Тиканен, вработен во авиокомпанијата.
Во соопштението на Finnair се вели дека авиокомпаниите ја пресметуваат тежината на авионот, неговата внатрешност и патниците со цел да го балансираат летот и да обезбедат безбеден транзит.
„Само агентот за услуги на клиентите што работи на местото на мерење може да ја види вкупната тежина, така што можете да учествувате во студијата без грижа“, рече Сату Мунука, шеф на копнените процеси во Finnair.
Сепак, некои корисници на социјалните мрежи се згрозени од објавата за која тврдат дека ќе предизвика непријатности кај патниците со прекумерна тежина.
“Ова е сурово. Повеќе нема да летам со Finnair, тоа се драконски мерки чија единствена цел е да ги понижат дебелите луѓе. Правилата за тежина на Finnair не се однесуваат на безбедноста на патниците. Ниту еден авион никогаш не се урнал поради прекумерна тежина”, многумина се пожали.
Финската авиокомпанија вели дека патниците ќе стојат на вагата истовремено во сета облека и со рачниот багаж за да „добијат комбинирано читање“.
„Целта на овој потег е да се намали трошењето гориво и да се помогне во попрецизна проценка на тежината на авионот“, велат од компанијата.
Еден месец претходно, easyJet побара од 19 патници да се симнат бидејќи авионот се сметаше за премногу тежок за полетување.
„Патниците за кои станува збор доброволно се пријавија да патуваат на подоцнежниот лет бидејќи авионот го надминал ограничувањето на тежината за временските услови. Ова беше рутинска оперативна одлука во околностите и ограничувањата на тежината се поставени за сите авиокомпании од безбедносни причини“, се вели во извештајот.
