Вчера голем дел од училиштата низ Скопје добиле е-маил во кој пишувало дека е поставена бомба во училиштето и дека ќе има „илјадници мртви македонски деца“.
4NEWS.mk дојде до целосната соодржина на поратака.
Погледенте што напишал авторот:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за ТВ21 истакна дека сите училишта во кои имало дојава за поставени бомби биле проверени од Одделот за антитероризам.
Тој вели дека станува збор за лажна дојава.
„Се утврди дека станува збор за лажна дојава, исто како што пред некој ден имавме во ЈСП. Обврска наша е да направиме се за да се зачува стабилноста и безбедноста“, порача Спасовски за ТВ21.
Спасовски порача дека не сака да верува дека се можни вакви политички игри.
„Јас не сакам да верувам дека се можни тие политички игри кои што се прават и на овој начин да се рефлектираат на сите граѓани. Одделот за компјутерски криминал прави анализи и очекуваме дека ќе дојдеме до резултати за тоа кои се целите за ова да се прави“, вели Спасовски.