Македонија

Ќе има ли недостиг од храна во Македонија?

Ќе има ли недостиг од храна во Македонија?

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски не посочи дали граѓаните ќе се соочат со нови поскапувања на основните производи доколку во среда се укинат владините антикризни мерки.

Запрашан за шпекулациите во јавноста дека некои маркети трупале прехранбени производи и чекаат да бидат пуштени на пазарот по зголемувањето на цените, Николовски рече дека ова прашање е во надлежност на Министерството за економија.

„Министерството за економија ги има ингеренциите на овој план. Верувам дека ќе не извести и дека преку инспекторатот се преземаат сите можни мерки. Наша работа е да се грижиме за зголемување на локалното производство. „Ги уверуваме граѓаните дека нема да има недостиг од храна, бидејќи го гледаме интересот што го предизвикува националниот план за производство на храна“, изјави МЗШВ, Љупчо Николовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни