Се надевам дека Регулаторната комисија нема да ја зголеми цената на струјата вели Министерот за економија, Крешник Бектеши.
–Секако дека наша цел како Влада е да имаме сигурно снабдување на сите домаќинства и тоа веќе го остваруваме и оваа одлука е да им се излезе во пресрет на сите наши граѓани, посебно на домаќинствата во нашата држава за да не се зголеми цената на струјата. Јас сум убеден дека имајќи ги во предвид сите параметри наредната одлука на Регулаторната комисија ќе биде да нема зголемување на цената на електричната енергија, рече Бектеши.
Влада вчера е донесена одлука за намалување на ДДВ на струјата од 18 на 5 проценти, што оди во прилог на граѓаните, како и да им се намалат трошоци во постковид периодот.