„Ќе обезбедиме семејствата достоинствено да ги префрлат телата на загинатите“, вели Османи

„Воспоставивме директни контакти со властите на Бугарија, во МНР се активираше работна група во врска со спрауввањето со последиците од оваа трагедија. Во текот на денот овозможивме измена на ковид протоколите со што членовите на семејствата кои имаа потреба да патуваат до Софија ја имаа можноста да отидат без ковид протоколите. Беа контактирани сите семејства на загинатите за детално информирање, исто така и семејствата на повредените“.

Ова на прес конференција денеска го соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој вели дека дал насока за да се пратат двајца искусни дипломати во Софија.

„Со што се зголемува човечкиот капацитет на нашата амбасада во Софија со цел да се помогне во идентификација на жртвите од трагедијата. Утре продолжуваме со сите активности. Правосудните институции се веќе во контакт за извршување идентификација на телата. Што и да направиме денес не можеме да ја надоместиме загубата ниту да ја покриеме тагата. Цели фамилии од денес веќе не се со нас. Ние како МНР ќе им обезбедиме на семејствата достоинство со цел прво да ги добијат вистинските и прецизни информации и префрлување на телата во Скопје, рече Османи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното