Ќе се изненадите – вака изгледа традиционалната носија на Авганистан

Не, тие НЕ се само жени во црни бурки! Храбрите жени од Авганистан ги преплавија социјалните мрежи со фотографии од нивните традиционални носии.

Се уште не е целосно јасно какви ограничувања талибанците подготвија за жените овојпат, но веќе стапи на сила: носењето хиџаб во училиштата е задолжително.

Меѓутоа, Авганистанките одлучија веднаш да покажат дека нема лесно да се подложат на новиот режим, кој е екстремен, мизогинистички и суров.

Талибанците, како што неодамна објавија странските медиуми, им дозволија на жените да одат на училиште, иако во одделни училници за да не поминуваат време со мажи, а задолжително е да носат хиџаб и за наставниците и за учениците.

Затоа Авганистанките започнаа онлајн кампања проследена со хаштаг #DoNotTouchMyClothes („Не допирај ги моите алишта“), како и #AfghanistanCulture, а целта е да го запознаеме светот (и да ги потсетиме Талибанците) за традиционалните женски носии во оваа земја.

Ако ја „гуглате“ традиционалната авганистанска облека и не сте запознаени со културата и историјата на оваа земја, најверојатно ќе бидете изненадени. За окото навикнато на фотографии од жени скриени зад црна и темно сина бурка, вистинско изненадување е што костимот на Авганистанка подразбира изобилство на бои!

Ова се фустани украсени со интересни и комплицирани везови, интересни кроеви, уникатни дезени и дизајни, и тие имаат едно заедничко: бои, бои, бои! Општата разновидност на традиционални женски носии во Авганистан е силен контраст со вообичаените црни бурки.

Една од жените што ја започна оваа кампања е Бахар Џалали, поранешна професорка која работела на американски универзитет во Авганистан.

Во продолжение како изгледаат: