Конкретни критерими за тоа на кој начин ќе се одвива прераспределбата на неефикасните во администрацијата во приватниот сектор ќе има до крајот на годината. До тогаш, ќе се прават анализи и ќе се консултираат бизнисмените и синдикатите за критериумите според кои ќе се одвива процесот. Министерот Манчевски описно одговори на прашањето колку вкупно вработени од администрацијата треба да бидат префрлени.
Претседателот на Стопанска комора Азески изјави дека имаат потреба од секаков профил на работници, бидејќи од земја која имала огромен број на вработени, сега немаат кого да вработат. -Секој што ќе има волја да биде преквалификуван ќе биде префрлен. Кога ќе биде ревидиран предлогот ќе дадеме свое мислење за прераспределбата- вели тој.
Досега се предвидени неколку мерки: приватниот сектор да понуди повисока плата за вработениот, а државата да ги плаќа придонесите за вработениот одреден временски период. Државата да плати преквалификација согласно потребите на приватниот сектор на предлог на една од коморите. Третата со опремнина по сопствена волја. Нема да дозволиме да има „повредени“ во процесот, луѓе што ќе останат на улица и без работа, а приватниот сектор може само да добие не може да изгуби- вели Манчевски.