Еден инвеститор јавно објави намера да купи акции на компанијата Tesla ($TSLA) во вредност од речиси 100.000 долари, изразувајќи силна верба во долгорочната иднина на производителот на електрични возила.
Според неговата анализа, постои краткорочен ризик доколку поширокиот пазар доживее пад, предизвикан од продолжениот прекин на работата на владата во САД, кој веќе врши притисок врз економијата.

Во такво сценарио, како што се наведува, „не е исклучено“ цената на акцијата на Tesla да тестира пониски нивоа. Конкретно, се споменува можноста за пополнување на технички „јаз“ (gap) на берзанскиот графикон, кој се наоѓа околу нивото од 398 долари, а кој претходно не бил достигнат.

Сепак, и покрај овие краткорочни предизвици, инвеститорот останува фокусиран на долгорочната слика.
„Како и да е, оваа компанија ќе продолжи да биде сила во 2026 година и понатаму“, се вели во објавата.
Како главни катализатори за идниот раст се посочуваат проектите „Cybercab“ (автономно робо-такси) и „Optimus“ (хуманоиден робот), кои, според мислењето, се сè поблиску до реалноста.
Дополнителен оптимизам се црпи и од очекуваниот напредок во другите сектори на компанијата, вклучувајќи ги проектите за камиони (Semi), енергетскиот сектор (Energy) и долгонајавуваниот „Roadster“.
Ивановски: „Иднината е тука, секој пад е прилика“
Како македонските инвеститори гледаат на ова. За коментар го побаравме Иван Ивановски од Prime Class кој се надоврзува на ваквиот сентимент. Tesla зазема значителен удел во неговото портфолио.
„Целосно се согласувам. Гледањето на Tesla само низ призмата на автомобили е најголемата грешка што може да ја направи еден инвеститор денес“, вели Ивановски.
Тој појаснува дека додека пазарот е опседнат со краткорочни метрики, како што се бројките за испорака од квартал во квартал, вистинската вредност на компанијата лежи во нејзината технолошка доминација.
„Она што Маск го гради е екосистем за иднината – од вештачка интелигенција до роботика и одржлива енергија. Затоа велам секој краткорочен пад на цената, предизвикан од пазарна паника, не е ризик, туку најдобрата шанса за купување пред вистинскиот раст“, додава тој.
Ивановски, исто така, го истакнува фактот дека многумина сè уште ги сметаат Optimus и автономното возење за научна фантастика, наместо за бизнис модели кои се на прагот на комерцијализација.
„Инвеститорите мора да разберат дека Tesla веќе победи во трката за вештачка интелигенција во реалниот свет. Optimus и Cybercab не се прашање „дали“ ќе се случат, туку „кога“. Кога тоа ќе се случи, компанијата ќе влезе во фаза на хипер-раст што берзата сè уште не ја пресметала во денешната цена“, заклучува Ивановски.
Како да го направите првиот чекор?
За сите читатели кои се заинтересирани да започнат со инвестирање, но не се сигурни од каде да почнат, може да погледнат во видеото на македонски јазик.
Таму детално е објаснето како да ги направите првите чекори на берзата на тема: „Отвори акаунт за тргување на Trading 212 и купи ја својата прва акција“. Видеото служи како туторијал за сите оние кои сакаат да влезат во светот на тргувањето.
