Веќе некое време низ медиумите се шпекулира дека има заладени односи меѓу членовите на кралското семејство, односно војвотката од Кембриџ – Кејт Мидлтон и војвотката од Сасекс, Меган Маркл.
Но, се чини дека тие се сега поблиски од кога било.
Според извор близок до кралското семејство, кој разговарал со „Ас викли“, војвотките размислуваат за соработка на Нетфликс проект.
„Меган и Кејт всушност многу добро се согласуваат и често контактирааат. Меган разговараше со неа за соработка на проект за Нетфликс, т.е. документарен филм кој ќе ја истакне добротворната работа на Кејт и огромното влијание што го остави со нејзината филантропија”, рекол изворот.
Наводно, Кејт е воодушевена и поласкана од понудата на Меган и верува дека тоа е чекор во вистинската насока кон градење посилни односи со нејзината „јатрва“.
Принцот Хари и Меган минатата година потпишаа договор со Нетфликс кој вклучува содржина како документарци, филмови и емисии за деца, но и повозрасн
