Тешко убиство се случило во саботата во куќа во Земун кога ќерка го избодела својот татко со нож, кој починал на пат кон болница.
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, телото на В.В. (84) е испратено на обдукција.
З.П. (54) зела кујнски нож и почнала да се самоповредува. Несреќниот маж, со намера да ја спречи, дошол во конфликт со неа. Неофицијално, таа го избодела во вратот и стомакот.
В.В. починал на пат кон болница.
З.П. е осомничена за убиство, но поради лошата психичка состојба била сместена во клиниката „Д-р Лаза Лазаревиќ“. Неофицијално, таа била примена во болница со посекотини на рацете.
Вишото јавно обвинителство во Белград ја води истрагата. Според соседите, злосторството се случило пред два дена околу пладне.
