Ќерката на Жељко Јоксимовиќ покажа како изгледа семејна вила на Сењак

Мина Јоксимовиќ, ќерка на пејачот и композитор Жељко Јоксимовиќ, од време на време на својот Инстаграм профил споделува фотографии кои сведочат за нејзиното секојдневие, па откри каде бара бегство од горештините.

Таа објави фотографии за кои позираше пред скапата вила Јоксимовиќ на Сењак, додека уживаше во тркалезниот базен, а во описот на фотографијата напиша на англиски: ДОМ!