Балкан

КФОР потврди: Во Зубин Поток имаше пукање, нема повредени!

КФОР потврди: Во Зубин Поток имаше пукање, нема повредени!

Мировната мисија на НАТО на Косово потврди дека било пукано со огнено оружје во близина на нејзината патрола во Зубин Поток.

Инцидентот се случил додека војниците на КФОР ги извршувале своите задачи.

Во одговор за Klankosova.tv, КФОР наведува дека во овој случај нема повредени.

„Можеме да потврдиме дека пред неколку часа патрола на КФОР додека била на должност во околината на Зубин Поток слушнала и видела неколку истрели во близина. Нема повредени и нема материјална штета. Ние ги спроведуваме истрагите и веднаш штом ќе завршат ќе бидете известени“, се вели во одговорот на КФОР за Klankosova.tv.

Српските медиуми до вечерва јавуваа дека има истрели од огнено оружје на ова подрачје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни