Македонија

Кичевчанец уапсен на аеродромот во Охрид и веднаш спроведен во затвор

На Граничен премин Mеѓународен аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид вчера во 19:17 часот бил лишен од слобода К.С.(35) од село Србјани, кичевско, бидејќи се наоѓал во евиденција на стоп листа со мерка „апси“, по наредба на Основен суд Кичево. Лицето е спроведено до КПУ„Затвор Битола“ за издржување на казна затвор.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни