Кичево без услови за слепите лица, 29 години во руинирана барака

„Ова е патот по кој секојдневно поминуваат слепите лица за на работа. Сега ќе влеземе внатре за да видиме во какви услови работат тие“, вели репортерот на ТВ 21 Салије, Садику.

Снимките зборуваат сами, во какви услови функционира Здружението на Слепите и Глувонемите лица во Кичево.

Се вчитува...

Иако слепи, околу нив има електрични кабли кои се опасни по нивниот живот. Како што изгледа, електричната инсталација не е обновена веќе неколку години по ред. Влагата претставува друг проблем со кој се соочуваат во текот на зимата.

„Од почетокот на основањето на оваа здружение, имавме лоши услови, конкретно за канцеларии кои не се доволни за активностите на оваа категорија на граѓаните. Правиме напори со општина Кичево, но досега добивме многу ветувања а ниту едно дело“, вели Зенел Зилбехари – Претседател на Здружението на слепи.

ТВ21 побара став од градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари. Тој истакна дека и тие како општина имаат проблем со просториите и условите во кои функционираат. Дехари рече дека оваа година, општината одвои буџет од 200 илјади евра за социјална поддршка, буџет кој, според него, ќе го опфати и Здружението на слепите и глувонемите лица.

„Се надеваме дека оваа година овој проблем ќе се реши, со оглед на тоа дека како општина поседуваме објект на војската и општината подготви нов проект за издавање на дозвола за изградба и аплициравме во фондовите на Владата на РМ и во други фондови. Доколку успееме да го реализираме овој проект, мислам дека ќе создадеме реална можност за поддршка или да се дадат на користење канцелариите и на оваа зграда но и на новата зграда за сите потреби било на Здржението на слепите лица или на некое друго здружение“, вели Фатмир Дехари – градоначалник на Општина Кичево.

Здружението на слепите и глувонемите лица во Кучево, постои од 1990 година и брои 170 члена. Во овие услови, ова Здружение во оваа барака функционира скоро 29 години.

РЕПОРТЕР: САЛИЈЕ САДИКУ

Извор: ТВ21