Свет

Киев: Можен целосен прекин на енергетската мрежа

Киев: Можен целосен прекин на енергетската мрежа

Киев пред сериозни предизвици. Покрај опасноста од нови напади и редовните прекини на снабдувањето со електрична енергија, жителите на главниот украински град се соочуваат со сибирски температури и снежни врнежи пред календарскиот почеток на зимата. Властите предупредија – подгответе се за најлошото сценарио, можно е целосно исклучување на електричната мрежа. Енергетската инфраструктура и натаму меѓу главните цели на руските воздушни напади.

„Жестоките битки во Доњецк продолжуваат, војувањето и пакоста воопшто не се намалени. Само вчера беа одбиени околу сто руски напади во овој регион. Нашите војници на позициите во Донбас се вистински херои“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

По неколку месеци минати без основни средства за живот, жителите на Херсон се собраа на главниот плоштад за да добијат дел од долгоочекуваната хуманитарна помош. Пред една недела, украинската војска успеа да го ослободи градот од руска окупација. Според хуманитарните организации, за стабилизирање на доставата ќе биде потребен подолг период. На почетокот на неделава, таканаречената „Светска централна кујна“ беше гранатирана додека волонтерите им доставуваа храна на граѓаните. Обвинителството почна истрага за извршени воени злосторства во тој дел.

„Осум месеци немавме ништи. Немавме каде да купиме, немавме пари. Поради тоа, народот дојде овде. “

„Почнавме да ја испитуваме браната. Таму имаше вооружена пресметка, беа уништени многу возила, а загинаа и цивили“, рече Дмитро Шишенко, обвинител.

Во меѓувреме, Полска одлучи и дека нема да издава визи на руската делегација за состанокот на Организацијата за европска безбедност и соработка закажан за на 1-ви и 2-ри декември во нивниот град Лоѓ. Премиерот Моравјецки изјави дека ракетата на украинската противвоздушна одбрана која падна на истокот на Полска и усмрти две лица е доказ дека заканата која Русија ја создала во Украина е закана и за Полска. Според претседателот Дуда, инцидентот е веројатно несреќен случај, а не директен напад.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни