Ким Кардашијан го прослави 41 роденден – ова се 10 работи кои не сте ги знаеле за неа!

Иако мислите дека знаете речиси се за ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, можеби досега не сте слушнале за ова:

  1. Ким Кардашијан никогаш не сакаше нејзината венчавка со Канје Вест да се прикаже во семејното реално шоу – тоа беше желба на нејзиниот сопруг.
  2. Пред снимањето за реално шоу, Ким Кардашијан се шминка цели два часа.
  3. Првата личност што даде изјава за реалното шоу „Keeping up with the Kardashians“ беше Ким, а реченицата беше „Луѓе, ве мразам сите …“
  4. Ким никогаш немала тетоважа и не планира.
  5. За да ја одржи добрата линија Ким многу вежба, но и се храни здраво. Нејзината храна ја подготвува професионален готвач дома.
  6. Нејзиниот прв твит беше на 21 март 2009 година и гласеше: “Здраво на сите. Јас сум, Ким Кардашијан. Конечно сум на Твитер, и бидејќи има многу лажни сметки, сега знаете дека сум јас!”
  7. Ким е родена како Кимберли Ноел Кардашијан, но го смени името во Ким Кардашијан Вест.
  8. Нејзин омилен актер е Том Хенкс.
  9. Таа ја објави својата прва фотографија на Инстаграм на 20 февруари 2012 година.
  10. Нејзиното прво момче беше Т.Џ. Џексон, братучед на Мајкл Џексон.