Американскиот претседател Џо Бајден го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека е воен злосторник, по што реагираше и Кина која порача дека нема да заборави кој им ја бомбардирал амбасадата во Југославија.
„Кина никогаш нема да заборави кој ја бомбардираше нашата амбасада во Југославија и не ѝ се потребни предавања од тие кои го прекршија меѓународното право“, соопштија кинеските власти, а пренесува „Спутник“.
На 7 мај 1999 година при бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО беше погодена кинеската амбасада во Белград, при што починаа три луѓе, а повеќе од 20 беа повредени.