Свет

Кина досега не видела руска инвазија на Украина

Кина досега не видела руска инвазија на Украина

Кина уште еднаш ги повика сите страни вклучени во конфликтот во Украина да покажат воздржаност, пренесува Ројтерс.

Пекинг ги отфрли зборовите на странски новинар кој ги опиша постапките на Русија како инвазија.

Коментарот го даде портпаролката на Министерството за надворешни работи Хуа Чунин на редовен брифинг.

Рускиот претседател вечерва најави почеток на војна против Украина наречена „специјална воена операција во Донбас“.

Потоа, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека воведува воена состојба низ цела Украина. Тој го повика светот да ја принуди Русија да го зачува мирот.

Белата куќа објави соопштение во кое се вели дека Путин избрал намерна војна која би резултирала со катастрофални загуби на животи и човечко страдање.

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги опиша актуелните настани како „ужасен ден за Украина и мрачен ден за Европа“.

Од своја страна, ОН го повикаа рускиот претседател да ги повлече своите трупи од Украина во име на хуманоста , а британскиот премиер Борис Џонсон го прекори Путин што го избрал патот на крвопролевање и уништување со неиспровоциран напад врз Украина.

Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, исто така, увери дека ЕУ ќе ја смета Москва одговорна за нејзиниот „неоправдан“ напад врз Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни