Свет

Кина ги укинува визите за британските граѓани

Кина ги укинува визите за британските граѓани

Британската влада денес објави дека Кина ги укина визите за граѓаните на таа земја, кои во иднина ќе можат да патуваат во Кина и да престојуваат во таа земја до 30 дена без виза.

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, кој е во Пекинг во рамките на петдневната посета на Азија, претходно денес изјави дека разговарал за предлозите за укинување на визите со кинескиот претседател Си Џинпинг, пренесува Скај њуз.

Ослободувањето од визи ќе ја усогласи Велика Британија со речиси 50 други земји, вклучувајќи ги Франција, Шпанија, Италија и Германија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни