Северозападната кинеска провинција Гансу, која е силно зависна од туризмот, ги затвори сите туристички места откако беа регистрирани нови случаи на коронавирус.
Провинцијата Гансу се наоѓа покрај древниот пат на свилата и е позната по своите пештери во градот Дунхуанг, каде што се наоѓаат будистички слики и други верски објекти.
Националната здравствена комисија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 35 нови локални случаи, од кои четири случаи се пријавени во провинцијата Гансу, пренесува агенцијата АП.
Други 19 случаи биле пријавени во автономниот регион Внатрешна Монголија, додека други случаи биле пријавени во неколку провинции и градови.
Според АП, на жителите во делови од Внатрешна Монголија им било наредено да останат во затворени простории.
И покрај во голема мера елиминирање на локални случаи на инфекција, Кина продолжува да води политика на нулта толеранција кон пандемијата на коронавирус, која се карактеризира со затворање, карантин и задолжително тестирање на вируси, според АП.
