Свет

Кипар е подготвен да управува со можните бегалски текови од Блискиот Исток

Кипар е подготвен да управува со можните бегалски текови од Блискиот Исток

Кипар е подготвен да управува со можните бегалски текови од Блискиот Исток доколку кризата во регионот ескалира, изјави министерот за внатрешни работи на земјата Константинос Јоану.

Државните служби имаат способност да се справуваат со бегалците кои доаѓаат од зоната на конфликтот на Блискиот исток на ист начин и брзина како во случајот со Украина, со апсолутно почитување на човековите права, рече тој.

Кипар е најблиската земја-членка на ЕУ до Израел, како и до пошироката зона на конфликт што ги опфаќа Либан и Сирија.

Кипар е на прво место во Европската унија според уделот на депортирани нерегуларни мигранти – во периодот од март до септември 97 отсто од новопристигнатите мигранти чии барања за заштита беа одбиени се вратени во нивните земји, објави министерот за внатрешни работи.