Премиерот Кирил Петков се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи.
Двајцата разговараа за ситуацијата околу војната во Украина и нејзините ефекти врз земјите во регионот.
Премиерот Петков го запозна Вархеи и за резултатите од состанокот на лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа, што на почетокот на неделава се одржа во Софија на иницијатива на бугарскиот премиер.
Двајцата разговараа и за билатерални разговори со Република Северна Македонија.
Во нив владата ги брани бугарските позиции и има за првпат сериозна поддршка во Европската унија поради новиот пристап кон Скопје , нагласи премиерот Петков.