Уште еднаш се соочуваме со апсолутна саботажа од страна на бугарското обвинителство под раководство на господинот Гешев. Ова на вонреден брифинг го изјави премиерот на Бугарија Кирил Петков. Според него, во Бугарија нема независно обвинителство.
„Од она што го слушнавме од соопштението на обвинителството, се кријат документи за барање за обвинение, кои лесно можеме да ги добиеме. Информациите добиени од изнуденото лице се прикриваат и игнорираат, само за да не се спроведе законски истрагата, информација која е добро позната и веќе е достапна на Европското јавно обвинителство. Се ускратуваат законските овластувања на истражните органи и се попречува активноста на секој што се обидува да работи против корупцијата кај нас.
Во Бугарија нема независно обвинителство. Обвинителството повторно се однесува како адвокат кога станува збор за обвинети за корупција“, изјави Кирил Петков.
„Факт е дека многу луѓе велат дека Бугарија е освоена земја. Веруваме дека тоа нема да биде случај во иднина. Ќе продолжиме да се бориме и ќе направиме се што е во наша моќ Бугарија да ја направиме слободна европска земја. Битката започна и отсега што ќе биде – ќе работиме со сите инструменти на Европа за да може Бугарија да ја придвижи на следното ниво“, изјави Кирил Петков.
Жал ми е за обвинителството што вечерва се разоткри на ваков очигледен начин, додаде тој.