Кирков: Во ЈУ Зоолошка градина постои туберколоза – туберколоза е причината за смртта и на eвропскиот бизон

Советникот во Град Скопје, Стефан Кирков, алармира за сериозна здравствена состојба во Зоолошката градина, по смртта на повеќе животни од туберкулоза, вклучително и европскиот бизон.

„Неодамна починаа ламите за кои беше утврдено дека биле заболени од туберкулоза, а пред неколку дена и младо мајмунче од видот гибон. Денес добив официјални резултати дека и бизонот кој угина пред десетина дена бил заразен со оваа болест,“ соопшти Кирков.

Според него, патолошките наоди на починатите животни од Ветеринарниот факултет, Ветеринарниот институт и Агенцијата за храна и ветерина ја потврдуваат дијагнозата. „Зоолошката градина е контаминирано подрачје. Се сомневаме дека цели реони се зафатени, а вработените се оставени без никаква заштитна опрема,“ додаде тој.

Кирков предупредува дека секојдневно низ живеалиштата поминуваат стотици посетители, додека менаџментот, како што вели, молчи и не презема мерки. Тој апелира до државните институции за итен инспекциски надзор, тестирање на сите вработени и животни, како и можно времено затворање на установата „додека не се процени дека е безбедна“.

„Менаџментот Попов и Стаменов не се појавуваат на работните места, ниту одговараат за овој хорор. Со мојата советничка група од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеме кривична пријава против нив за секое угинато животно и за состојбата во најстарата зоолошка градина во Европа,“ најави Кирков.

Тој посочи дека според официјалните информации за само три години во Зоолошката градина починале повеќе од 50 животни, а меѓу случаите се споменуваат труење на коњи и волци, угинувања поради салмонела и други заболувања.

„Одговорност мора да има и ќе има,“ порача Кирков.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.