Македонија

Киселина и железо во реката Вардар – затворен погонот на фабриката „Арцелор митал“

Државниот инспекторат за животна средина издаде забрана за работа на погонот од фабриката „Арцелор Митал“ поради еколошката катастрофа во реката Вардар. Се сомнева дека оваа фабрика испуштала материјали кои содржеле железо и киселина во реката Вардар. Покрај тоа што поминаа неколку дена, трагите од портокаловата боја се уште се видливи.

Според првите сомнежи, ова предизвикало масивен помор на риби. Според инспекторатот, доколку овој инцидент се рангира во трета категорија, ова значи дека причинителот може да се соочи и со парична казна од 70 до 100 илјади евра.

Инаку, пред неколку дена Вардар доби портокалова боја, а можеа да се видат и изумрени риби.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни