Книга, позајмена во 1910 година, конечно e вратена во библиотека

Детската книга, која била позајмена од библиотеката во Боис, Ајдахо, во 1910 година, била вратена по 111 години.

Примерок од книгата The New Chronicles of Rebecca од Кејт Даглас Вијин, сè уште во добра состојба, неодамна беше вратен во окружната библиотека во долината на Гарден, на околу 70 километри од Боис.

„На рецепција забележале дека книгата е стара и нема модерни ознаки, па провериле. Мислам дека никој овде не видел книга што е позајмена толку долго“, изјави библиотекарката Ен Мари Мартин за NBC.

The New Chronicles of Rebecca е напишана во 1907 година како продолжение на Rebecca од Sunnybrook Farm и е за девојка чие однесување ги инспирира нејзините тетки. Таа беше адаптирана во мјузикл од 1938 година во кој Ребека ја глуми Ширли Темпл.

Откако книгата конечно беше вратена, јавната библиотека Боис ја стави во изложбен дел со книги што може да се гледаат, но не и да се позајмат.

Рокот за враќање беше прекршен за 40.000 дена, а тогашната казна беше 2 центи дневно, што до денес би изнесувала 800 долари.