Македонија

„Кочани Ви благодари“ – настан во Паркот на Револуцијата посветен на годишнината од трагедијата во „Пулс“

„Кочани Ви благодари“ – настан во Паркот на Револуцијата посветен на годишнината од трагедијата во „Пулс“
ФОТО: Ј.Пауноски / 4NEWS.mk

Во Паркот на Револуцијата во Кочани се одржа настанот „Кочани Ви благодари“, дел од повеќето активности организирани по повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Настанот е наменет за сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените, како и за изразување благодарност кон сите кои во критичните моменти помогнаа на настраданите и нивните семејства.

Организаторите истакнуваат дека ваквите активности имаат за цел да ги обединат граѓаните и да ја потенцираат важноста на солидарноста и хуманоста во заедницата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни