Летото можеби изгледа далеку, но ќе дојде побрзо отколку што мислите. Ако сакате да обезбедите најповолна понуда за годишен одмор, сега е вистинско време да го резервирате. Според експертите од порталот Kayak, првите две недели од јануари се идеални за лов на поевтини аранжмани, пишува The Sun.
Кога цените се најниски?
Патниците во овој период за повратни летови во економска класа плаќаат помалку. Потоа, цените обично растат, а февруари се покажува како најскап месец за резервации. Ако ја пропуштите шансата во јануари, следните најповолни понуди се појавуваат дури во мај.
Предлози од патописната новинарка
Патописната новинарка Алис Пенвил неодамна го посети островот Ко Самуи во Тајланд. „Луксузни ресорти, бели песочни плажи и оживени ноќни пазари каде можете да купите вкусен леплив ориз со манго за 1,90 евра – со патување на Ко Самуи нема да погрешите. Островот е полн со прекрасни храмови, од кои повеќето ги пречекуваат туристите. Локалната храна е многу вкусна, а можете да најдете јадења како Пад Тај и лута супа Том Јум, со коктели за 2,30 евра.“
Таа исто така го предложи Порто дел Росарио во Шпанија. Станува збор за главниот град на Фуертевентура, вториот по големина Канарски остров. Посетителите можат да го истражат живописното пристаниште изградено крајот на 18 век или да прошетаат по една од најоживените градски улици, Примеро де Мајо, полна со продавници, ресторани и кафулиња.
Ако ве привлекува патување во САД, Тампа на Флорида е популарна дестинација за посетители кои сакаат да го посетат и Орландо, кој е само два часа возење, каде се наоѓаат познатите забавни паркови Walt Disney World Resort и Universal Studios.
