Кога е најпогодниот миг за продажба на возилото?

Кога е најпогодниот момент за продажба на вашето возило?

Техничкиот директор на една руска мрежа за продажба на автомобили, Максим Рјазанов советува дека доколку забележите чести мали оштетувања на релативно нов автомобил, ‘рѓа на лимот или деловите од моторот, или пак зголемена потрошувачка на гориво, тогаш е време да го продадете вашето возило.

Тој за ТАСС ги спореди и автомобилите произведени во Кореја, Русија и Кина со возила од САД, Јапонија и Европа.

Неговите лично омилени се јапонските автомобилски брендови.

„Понекогаш е посоодветно да го продадете вашиот тригодишен семеен автомобил и да купите друг, половен, стар до 5-7 години. Значи, ако треба да потрошите повеќе од 13 – 14.000 рубљи (или 10.000 македонски денари), за поправка на автомобил на секои 10.000 километри, поисплатливо е да се купи половен автомобил, кој е постар, но посигурен“, вели тој.

Според Рјазанов, во првата година на употреба, масовно произведените автомобили од класата Б и Ц поевтинуваат во просек за 10 отсто, а по три години и за 40 отсто.

Ситуацијата со премиум-брендовите е поинаква, односно тие губат 30 отсто од цената веднаш по купувањето, а по три години веќе половина од првичната цена.

„Во истовреме, се појавува и нијансата по пет години работа, таков автомобил со километража не повеќе од 110.000 километри престанува да паѓа во цената и може да се продаде за 95 отсто од (последната) куповна цена, објаснува трговецот.