Кога ќе дојдете во Германија, побарајте работа во оваа фирма: Платата е до 90.000 евра, годишен одмор до 50 дена!

Додека низ Европа се зборува сè почесто за исцрпеност на работа, недостаток на работна сила и сè потешкото усогласување на приватниот и професионалниот живот, од Германија пристигнува пример кој сериозно се разликува од индустрискиот просек. Во време кога и Европската комисија предупредува за потребата од пофлексибилни работни модели, една голема компанија од Хамбург им овозможува на своите вработени да не доаѓаат на работа повеќе од три месеци годишно – и тоа со задржување на високи примања.

Се работи за „Аурубис“, најголемиот европски производител на бакар, кој вработува околу 2.800 работници, меѓу кои и 240 практиканти. Системот на поволности што компанијата го нуди на вработените далеку ги надминува стандардите на кои се навикнати работниците во тешката индустрија.

Се вчитува...

Како што објаснува Кристоф Теш, директор за корпоративни комуникации во „Аурубис“, стартната позиција е веќе подобра од онаа во повеќето компании од секторот: „Стандардот е 30 дена годишен одмор, со дополнителни до пет така наречени ‘идни денови’, кои вработените можат да ги искористат како слободно време или да добијат еднократна исплата“, изјави Теш за BILD, пренесува Феникс Магазин.

Посебни поволности

Но, ова е само почеток. Во зависност од работното место и условите на работа, вработените можат да остварат право на дополнителни слободни денови кои не се дел од класичниот годишен одмор. Особено се опфатени работниците во производство и оние кои работат во смени. Така, работниците во смени имаат право на еден дополнителен ден годишен одмор, додека оние постари од 55 години можат да добијат до 20 дополнителни денови. Производните работници, пак, остваруваат уште пет слободни денови како компензација за пресоблекување во заштитна опрема и растојанието до работното место во погоните.

Овие денови не се водат како класичен годишен одмор, туку како надокнада за време поминато во движење и работа под посебни безбедносни услови. Причината е и самата големина на комплексот – производниот погон во Хамбург се протега на дури 870.000 квадратни метри.

Покрај големиот број на слободни денови, „Аурубис“ нуди и надпросечни плати. Компанијата се занимава со преработка на бакар и уште дваесетина други метали, вклучувајќи злато, сребро и платина. Практикантите веќе во првата година на работа заработуваат над 1.000 евра бруто, додека во третата или четвртата година на обука нивната плата достигнува околу 1.500 евра месечно.

Искусните работници можат да надминат годишна заработка од 50.000 евра, додека раководителите на смени со долгогодишно искуство достигнуваат и до 90.000 евра годишно. Покрај основната плата, вработените добиваат и Божиќница и регрес, уплати во приватно пензиско осигурување, Deutschlandticket за јавен превоз и низа други внатрешни поволности.