КОГА ЌЕ НАКИТИТЕ ЕЛКАТА, СТАВЕТЕ ЈА НА ОВА МЕСТО! Фенг шуи вели: Парите ќе ви доаѓаат како луди!

Сезоната на празници може да биде стресна, како за домашниот буџет, така и поради подготовките и еуфоријата.

Фенг шуи не само што помага за уредување на домот и придонесува за благосостојба, туку ни нуди совети како да ги украсиме новогодишните и божиќните украси за да создаде позитивна енергија во нашиот дом. Место за новогодишна елка според фенг шуи е исклучително важно бидејќи ќе внесе хармонија во домот.

Зимзеленото дрво симболизира долговечност и пријателство. Според сертифицираните фенг шуи практиканти, триаголната форма на елката се смета за симбол на „оган“ во фенг шуи, а најдобро место за овој симбол е во просторијата што го зафаќа горниот лев агол од вашата куќа. Овој простор се смета за „површина на богатство“, а особено силни се триаголните облици и предметите направени од дрво. Поставувањето новогодишна елка на ова место ќе привлече богатство и просперитет во вашиот дом!

Исто така, добри места за новогодишни елки се генерално сите агли на домот или централниот дел од куќата, каде енергијата ќе се стабилизира во оваа стресна сезона. Во случај да сте ја поставиле елката на север, украсете ја со стаклени украси во сина, бела, сребрена и златна боја. Новогодишната елка на запад или северозапад треба да биде во бели, сребрени, златни и жолти тонови, а не во црвена боја.

Доколку елката се наоѓа во југозападниот или североисточниот дел од домот, поволни се украсите во жолти и црвени тонови и многу украси од керамика, додека не се препорачуваат бели и сребрени бои. За да се придонесе за подобра семејна поврзаност, пожелно е секој член да стави барем по еден украс на елката, бидејќи на тој начин ја поставува и својата лична енергија. Каде и да поставите елка, погрижете се да не го блокирате протокот на Чи енергија низ вашиот дом.

Тоа значи дека не смее да се поставува на места што го блокираат протокот на енергијата Чи – предниот влез или во близина на вратата. Можеби ќе треба да го преуредите просторот во просторијата каде што ја ставивте елката. Ако го правите тоа, проверете дали мебелот во новиот распоред ќе го блокира преминот на предметите за домаќинството или протокот на енергијата Чи. Можеби ќе сакате да преместите некои парчиња мебел во друга просторија за време на празниците, за да дозволите енергијата слободно да тече низ просторот.

Запомнете, кога вашата дневна или семејна соба е полна со новогодишни подароци, семејството и пријателите, просторот ќе биде во уште поголем хаос. Фенг шуи советува да не се става елката: во ходникот или просторијата каде што може да го блокира преминот, во областа каде што ќе го попречи протокот на енергијата Чи, премногу блиску до извори на топлина или камини, каде што може да предизвика пожар или се исуши побрзо.

За да постигнете позитивно расположение, генерално користете многу темнозелени бои во празничниот декор на куќата. Во домот има прекумерно количество огнена енергија (запалени свеќи, сеприсутна црвена боја и украсно осветлување) што придонесува за кавги и нервоза, а темнозелената боја успешно се апсорбира, поради што масовно се користи за време на празниците.

Зимзелени гранчиња, венчиња, украси и зелени покривки за маса совршено ја балансираат енергијата на просторот.