Софија Лорен се смета за симбол на убавина и женственост. Таа е хероина на златнат доба од големото платно, жена со инспирација и пример како да живеете, сакате, поставувате сопствени правила и да не се оптоварувате со тоа што мислат другите.
Меѓутоа, пред да го добие тој статус, таа беше обична, сиромашна девојка. Таа самата изјави дека како девојче не била убава, а на 14 години телото почнало да и се менува и од грдо пајче се претворила во лебед. На 30 години постигна слава и популарност, на 50 години се плашеше дека годините ќе летаат пребрзо, а сега, кога има над 80 години, го сака својот живот, живее во мир со себе, чува внуци и понекогаш открива некои интересни работи од нејзиниот многу возбудлив живот.
– Кога станав доволно самоуверена, сцената исчезна од мојот живот. Кога верував дека губам, победив. Кога на луѓето најмногу им требав, тие ме оставија. Кога научив да ги исушам солзите, најдов рамо за плачење. Кога престанав да мразам, некој почна да ме сака со целото свое срце. Што и да планирате, никогаш нема да знаете што ви планирал животот. Успехот ве запознава со светот. Но, неуспехот ви го претставува светот. Затоа, бидете секогаш среќни. Често кога губиме надеж и мислиме дека ова е крајот, Бог се насмевнува одозгора и вели: Опушти се, мила, ова е само пресврт, а не крај – изјавила Софија Лорен.
