Има денови кога се чувствуваме несигурни, кога мислиме само на нашите недостатоци, се гледаме во огледало и страдаме затоа што не сме како некој друг… Гледаме во стомакот и сакаме да биде помал, ги гледаме градите посакувајќи да бидат поголеми…
Го гледаме нашиот целулит и жалиме што не сме како оние девојки од рекламите… Сосема е нормално и во ред понекогаш да се чувствуваме така, бидејќи не секој ден може да биде совршен.
Во ред е да си дозволиме да изразуваме негативни чувства. Но, внимавајте да не надвладеат, да не преземат контрола над вашиот живот и да не станете роб на вашите слабости. Единствени сте со сите доблести и маани и треба да научите да се сакате и да уживате!
Кога се чувствувате несигурни за вашето тело, запомнете што прави за вас секој ден:
Трча, оди, танцува, пее, лизга по мраз, скока, скока со јаже, нурка во вода…
Има сетила со кои може да се почувствува вкусот и мирисот на разни јадења и ароми, да се слушне чврчорење на птиците, звукот на водата, човечки гласови и најубавите музички ноти, да се почувствува допирот на кожата, нежниот кашмир, ветре во вашата коса…
Има нозе кои ве носат на различни места во светот. Шетаат по улици, патеки, паркови, рамнини, долини, планини, плажи…
Има раце со кои можете да играте, да сликате, да вајате, да готвите, да пишувате, да се гушкате, да подадете рака за поддршка…
Има две мали очи кои ви дозволуваат да видите најразлични бои и нијанси за да уживате во сонцето, зеленилото, морето, шумата, градот, да ги видите оние што најмногу ги сакате…
Вашето тело ви дозволува да создадете нов живот!
Има срце што може да сака и да биде сакано
Тоа ве одржува во живот!
