На пунктот за вакцинација во Тетово зголемен е интересот на граѓани кои примаат трета доза вакцина против Ковид, главно постари од 60 години, по одлуката граѓаните кои примиле дози „Синовак“ и „ Синофарм“, по три месеци да ја добие третата доза на производителот „Фајзер“.
Лекарите потенцираат дека во Тетово има добар интерес за третата доза.
Земањето на третата доза, како што е познато, е само со вакцината Фајзер. Изминативе месеци во Тетово на пунктовите за вакцинација имаше поголем наплив на граѓани кои чекаа на ред за да ја примат вакцината. Всушност, во текот на денот биле вакцинирани меѓу 1.500 и 2.000 луѓе. Но, сега овој прилив е значително намален.
Првата доза преку ноќ ја земаат од 50 до 100 лица, а ваквиот тренд на опаѓање на интересот се должи на тоа што се вакцинирани речиси половина од населението или над 46 отсто од полнолетните граѓани.