Кои држави се најуспешни по вториот натпреварувачки ден на Игрите во Токио?

Кина е најуспешната земја по два натпреварувачки дена на Олимписките игри во Токио и тоа со шест златни медали.

Покрај златните, тие освоија и еден сребрен и дури четири бронзени медали.

Второто место на листата им припаѓа на за домаќините – Јапонија со пет златни медали, а тие имаат и еден сребрен.

На третото место се наоѓаат САД со четири златни, додека пак Американците имаат и два сребрени и четири бронзени медали.

Вкупно 40 држави имаат земено барем еден медал.