Според извештајот “Мој пратеник“, за првите 6 месеци од 2018, Крсто Мукоски не учествувал на ниту една собраниска седница. Еден од пратениците кој исто така отсуствувал од работата на Собранието е и пратеникот Никола Груевски.
Тој, во периодот јануари -јуни, 2018, се појавил само три пати во Собрание. Груевски само еднаш излегол на говорница а доставил 73 амандмани.
Потоа, според нередовноста, следи лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој во првата половина од годината во Собранието дошол само четири пати, а ниеднаш не излегол на говорница. Со многу отсуства се и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски.
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, 38 пати присуствувал, а само еднаш побарал збор на пленарна седница. Од друга страна, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, 41 пат дошол во Собрание, но ниту еднаш не побарал збор на пленарна седница.
Најактивен на говорница бил Панчо Минов од ГРОМ. Тој 31 пат побарал збор. По него следи пратеникот на СДСМ, Диме Велковски кој во овој период 28 пати излегол на говорница. Од албанските пратеници, најчесто барал збор Ејуп Елими кој на говорница излегол 26 пати.
Во првите 6 месеци од 2018, биле усвоени вкупно 178 закони, од кои 83 од областа на економијата, 53 за политичкиот систем, а 43 закони за јавна дејност.
Одржани се 16 работни седници, 5 за пратенички прашања, две за обраќања и една свечена седница. Вкупно се одржани 24 пленарни седници.
РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ
