Кои се најголемите грешки кои ги правиме при користење на клима уредот?

Иако клима уредот многумина го гледаат како спас во овие летни денови, сепак тој може да има и негативно влијание на здравјето доколку се користи неправилно.

Имено, филтрите треба редовно да се чистат затоа што во него се собираат бактери, вируси и.т.н кои може да предизвикаат низа здравствени проблеми од кои најчести се инфекциите на респираторните органи.

Поради тоа во летните месеци се чести настинките, кивавици, акутни воспаленија на грлото.

Од друга страна ниските температури во затворените простории може да доведат до влошување на ситуацијата кај лицата кои боледуваат од коските и зглобовите.

Поради неправилност може да се јават вкочанетост на мусклуите, болки во грбот и вратот, пречки со видот, сушење на кожата.

Поради тоа е многу важно покрај чистењето на климата, да водите и сметка околу разликата во температурите надвор и внатре. Не смее да биде поголема разлика од 8 степени, а тоа значи дека ако надворешната температура е 35 стение, во просторијата треба да биде 27.