Кои се истакнатите луѓе кои починале во 2022 година, потсетува АФП.
Актерот Сидни Поатје (94), дизајнерите Нино Черути (82) и Тиери Муглер (73) и рок уметникот Мит Лоф (74) починаа во јануари.
Нобеловецот Лук Монтание почина во февруари на 99-годишна возраст. Тој беше добитник на наградата за медицина за откривање на СИДА.
Во мај светот дозна за смртта на композиторот Вангелис (79). Меѓу неговите композиции е и музиката од филмот Огнени коли.
Во август светот на модата се прости од јапонскиот дизајнер Иси Мијаке (84 години), а шоу-бизнисот – од Оливија Њутн-Џон (73 години). Њутн Џон стана светски познат по улогата во мјузиклот Брилијантин заедно со Џон Траволта.
Меѓу политичките личности кои починаа во 2022 година се Михаил Горбачов (91) и кралицата Елизабета Втора (96). Светот на уметноста ги загуби француско-швајцарскиот режисер Жан-Лук Годар (91), писателката Хилари Мантел (70), кантри пејачката Лорета Лин (90), актерката Анџела Лансбери (96), музичарот Џери Ли Луис (87 години)