Македонија

Кој е човекот кој се врати од Германија во Македонија и е задоволен со 18.000 денари плата?

Кој е човекот кој се врати од Германија во Македонија и е задоволен со 18.000 денари плата?

Полико Авдиу веќе осум години работи како шивач во компанијата „Текстил Солушн“.

За да биде дома со семејството, Авдиу се вратил од Германија каде што работел. Тој вели дека е задоволен од условите за работа во компанијата и се радува што постојано се подобруваат.

Задоволен е од растот на минималната плата, вели доволно ќе е за скромен живот.

„Мерките кои оваа Влада ги носи се секогаш во насока на обезбедување достоинствен живот на работниците и ќе влијаат позитивно и на останатите плати во другите индустрии, со што целокупно се подобрува квалитетот на живеењето во земјата. Растот на платите ќе продолжи, остануваме посветени на подигање на животниот стандард“, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни