Кој ги труе кучињата во Тетово?! Општината планира да изгради стационар

По улиците на Тетово се трујат кучињата скитници. Во неколку населби жителите постираа фотографии на социјалните мрежи од отруени кучиња. Аријанит Џафери од Еко Герила вели дека одговорност имаат единиците на локална самоуправа, а во овој случај тоа е општина Тетово. Според него, кучињата скитници не се третирани навреме и на соодветен начин.

„Последниве денови забележан е голем број пцовисани кучиња низ улиците, најверојатно отруени. Не се знае кој ги труе, но тоа што се знае е дека според законот за локална дејност, но и на база на законот за благосостојба и грижа кон животните, општината треба да се погрижи и да ги згрижи овие кучиња, во стационари каде ќе бидат безбедни од труење“, вели Аријанти Џафери од „Еко герила“.

Општина Тетово има регистрирано 1200 кучиња на нејзина територија. Иако е тоа алармантна бројка, оваа општина нема стационар за кучиња. Претседателот на општинскиот совет, Беким Мехмети, рече дека немаат сознанија кој ги труе кучињата.

„Што е тоа што реално се случува во општина Тетово со труењето на кучињата? Ни јас не знам што да ви кажам. Можеби непознато лице, или некој кого не го познаваме дејствува спротивно на сите стандарди, за заштита на животните и ние како општина можеме да кажеме дека не сме вмешани во ова“, вели Беким Мехмети – претседател на општинскиот совет.

Иако со години Општина Тетово се соочува со проблемот со кучињата скитници, претседателот на Општинскиот совет вели дека сега е одвоена одредена сума пари за третирање на овие животни. Како што вели тој општината издвоила 500 илјади денари за следните два месеци за третирање на кучињата, при што се планира и изградба на стационар.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21