Коалиционите партнери СДСМ и ДУИ се во фаза на консултации околу претседателските избори. Во СДСМ се уште не е отворена темата за можни кандидати, и се уште немаат одлучено дали ќе излезат со консензуален претседател. Фросина Ременски од СДСМ вели дека ќе го изберат најдобриот начин за обединување на граѓаните.
Но, од ДУИ се убедени дека идниот претседател ќе биде консензуален. Бујар Османи рече дека освен што е постигнат начелен договор со СДСМ, вели и дека идниот претседател ќе биде над партиските и етнички линии. Тој рече дека сега е најдобриот момент за таков договор кој ќе биде клучен за сплотување на народот.
Коалиционите партнери велат дека многу е разговарано за профилот на идниот претседател, но ги демантираат гласините дека меѓу нив е разговарано за конкретни имиња. Инаку, на претседателот Ѓорге Иванов му истекува неговиот втор петгодишен мандат и нема право да се кандидира за трет мандат.
РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ