Премиерот Зоран Заев синоќа откри нова трага за тоа кој можел да му помогне на Никола Груевски да избега од Македонија. Тој се сомнева во лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.
Овие сомневања на Премиерот, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги нарекоа шпекулации и бараат МВР да излезе со анализа за бегството на нивниот почесен претседател.
Заев не откри детали за внатрешната истрага, туку само додаде дека истата ќе открие се, а најави дека виновниците ќе сносат одговорност. По бегството на Груевски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски беше подготвен да поднесе оставка, рече Заев, но додаде дека тоа не го прифатил бидејќи не гледал никаква вина или пропуст во работата на МВР, тврдејќи дека Министерството дејствувало во согласност колку што дозволува законот.
Иако се уште нема никаков одговор од Унгарија за екстрадицијата на Груевски, Заев верува дека унгарскиот премиер Орбан ќе ја спроведе, а доколку тоа не го направи тој, ќе го направи некој кој ќе дојде на неговото место вели Заев.
РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ
