Северна Македонија оди на предвремени парламентари избори на 12 април идната година. Петмина претставници на албанските партии, ДУИ, Алијанса, БЕСА, ДПА и Алтернатива синоќа во емисијата Клик Плус ги кажаа своите претензии за тоа кој со кого ќе коалицира. Од Движење Беса рекоа дека се отворени за предизборна коалиција со Алијанса за Албанците.
„Ние сме подготвени да коалицириме со Алијанса за Албанците и секоја политичка сила што ја претставува опозицијата и се нашла наспроти оваа влада во тешките времиња. Не сме подготвени да коалицириме со партија во влада.“, рече Хоџа.
Но и наспроти преферирањето на Беса, од АА не прецизираат дали ќе коалицираат со Беса за овие избори.
„Отворени сме за коалицирање со сите тие кои не се согласуваат со политиките на владата и имаат што да понудатза промени и нормално понуди што ги прават поблиски до нашите ставови“, изјави Ремзи Мехмеди.
За разлика од овие две парти, ДПА ќе настапи сама на изборите.
„Ние како ДПА мислиме сами да се кандидираме на следните избори и секако со волјата и желбата како и поддршката од народот да ја испратиме ДУИ во опозиција.“, рече Сајдини.
Адмирим Халити од Алтернатива рече дека се уште не одлучиле дали ќе настапат сами или во коалиција со некоја од албанските партии.
„Мислам дека е нечесно да кажам дека ова или она го преферираме. Сметам дека ќе коалицираме но вечерва не можам да прецизирам со кого“, изјави Халити.
Реагираше Аријанит Хоџа од Движење Беса кој рече дека со Алтернатива никогаш нема да коалицираат.
А Крешник Бектеши од ДУИ рече дека нема потреба од коалиции и ги повика сите албански партии да се соединат и да ја победат ДУИ.
„ДУИ нема потреба да коалицира пред изборите, но ги повикуваме сите албански партии и оние кои учествуваат на вечерашнава дебата, но и другите помали партии, да се соединат против ДУИ на следните избори.“, рече Бектеши.
Изборите во Македонија беа договорени по неуспехот за добивање датум за ЕУ. Веднаш по ова се собраа лидерите на партиите кои имаат претставници во Собрание и одлучија на 12 април Македонија да оди на предвремени парламентарни избори.